Со измените на Законот за катастар на недвижности усвоен во април 2013 година, Агенцијата за катастар на недвижности е надлежен за воспоставување на системот за масовна проценка. На 18 март 2015 година, со првиот упис на трансакција за купопродажба воспоставен е Регистарот на цени и закупнини. Тоа е службена државна база на податоци што ја води Агенцијата за катастар на недвижности. Служи за евиденција, анализа и следење на реалните пазарни цени и закупнини на недвижностите во државата.
Во Регистарот на цени и закупнини се евидентираат цените на недвижностите содржани во правните основи за промет на недвижности, се евидентираат вредностите на недвижностите врз основа на која е пресметан данокот на промет на недвижноста и вредноста на закупнините врз основа на податоците од правните основи, како и други податоци за недвижноста содржани во изјавата дадена од продавачот и закуподавецот.
Од податоците содржани во Регистарот на цени и закупнини се прават анализи на пазарот на недвижности и се изготвуваат квартални, месечни, шестомесечни и годишни извештаи, анализи на понудата и побарувачката на недвижности, се креираат наменски извештаи по барање на државни органи и др.
На оваа страница можете да ги најдете актуелните, но и сите досегашни Извештаи од Регистарот на цени и закупнини за пазарот на недвижности (кварталните, полугодишните и годишните извештаи).
![]() |
![]() |
|
| Квартални извештаи | Полугодишни извештаи |





