новости (Page 10)

Во периодот од 13 до 15 март 2018 година во Софија, Република Бугарија се одржа конференција и пленарен состанок на Постојаната комисија за катастар на Европската унија. Генерална тема на конференцијата беше „Податоците како основа на дигиталното општество“. На оваа конференција учество земаа околу 120 делегати кои ги претставуваа Европскитеповеќе…

Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, во периодот од 26 до 28 февруари 2018 година, е домаќин на претставници од холандскиот катастар, кои се во работна посета на АКН, во рамките на проектот „СПАТИАЛ“. Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија има потпишано меморандум за соработка соповеќе…

Во периодот од 12 до 15 февруари 2018 година, Агенцијата за катaстар на недвижности на Република Македонија беше домаќин на проектниот тим од Норвешката агенција за картографија, со што официјално започнува LiDar проектот. Норвешкото Министерство за надворешни работи и Норвешката агенција за картографија, финансиски ќе им помогнат на земјите одповеќе…

Делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 24 и 25 јануари 2018 година беше во официјална посета на Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија, во Софија, Република Бугарија. Раководството на Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република Бугарија ги презентираше организационата поставеност,повеќе…

На 25 декември, 2017 година, во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, беше остварена работна средба помеѓу в.д., директорот на АКН – Борис Тунџев и министерот за транспорт и врски – г. Горан Сугарески. Покрај тековни работи беше разговарано и за постигнатите резултати во изминатиот период.повеќе…

На 11 и 12 декември 2017 година, во работна посета на Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, беа претставниците на Советот на геодети на Европа (ЦЛГЕ): г. Морис Барбиери – претседател на Советот, г. Жан-Ив Пирло – генерален директор и г. Дитер Сеиц – одговорен за финансиски прашања. Воповеќе…

На покана од Републичкиот геодетски завод од Белград, делегација од Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија, на 4 декември 2017 година, учествуваше на еднодневната конференција за НИГП (Национална инфраструктура за геопросторни податоци), со наслов „Пронајди, Поврзи, Прикажи“. Со конференцијата беше одбележан и јубилејот – 180 годишно постоење на геодетската дејност воповеќе…

Агенцијата за катастарот на недвижностите на Република Македонија  и Агенцијата за геодезија, картографија и катастар на Република  Бугарија потпишаа меморандум за соработка во областа на основните геодетски  работи, картографијата, катастарот на недвижностите, геоинформатиката и инфраструктурата за просторни податоци. Со Меморандумот се утврдува заедничкиот интерес на двете институциии да се помагаат повеќе…

Од 26 до 28.09.2017 година, во Берлин (Германија) се одржа ИНТЕРГЕО 2017, кој се состои од конференција и саем и е најголем настан во светот на геодезијата, геоинформатизацијата и управување со земјиштето. Се одржува секоја година на различни места во Германија. Конференцијата се фокусира на актуелните прашања кои се јавуваатповеќе…