Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село

Отворена нова подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности во Општина Ново Село

Заедно со градоначалникот на Општина Ново Село, Ѓорѓе Божинов, денес официјално ја отворивме новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности – уште еден значаен и конкретен чекор кон унапредување на достапноста и квалитетот на услугите за граѓаните.

Со отворањето на оваа канцеларија, повеќе од 10.000 жители на Општина Ново Село и околните населени места од денес ќе можат побрзо и поедноставно да ги остварат своите права, без потреба од патување до Струмица.

Агенцијата за катастар на недвижности продолжува со заложбите за доближување на услугите до граѓаните и правните лица, преку подобра територијална покриеност, поефикасни постапки и рамномерен регионален развој.