Успешна 2025 година за Агенцијата за катастар на недвижности

Успешна 2025 година за Агенцијата за катастар на недвижности

Во текот на 2025 година Агенцијата за катастар оствари значајни резултати во поглед на постапувањето по предмети – решени се над 1.040.000 предмети, а сите тековни барања се обработуваат навремено и во законските рокови.

Клучни резултати:

  • Целосно расчистени заостанати предмети
  • 96,4% од претставките успешно обработени
  • 99,6% решени предмети во графичкиот регистар на градежно земјиште
  • 100% одговорени барања преку е-Влада
  • Намалување на нерешени тековни предмети за 47,4%
  • Зголемување на примени предмети за 8% во однос на 2024 година

Овие резултати се потврда за подобрена организација, засилена контрола и зголемена ефикасност во работењето.

Продолжуваме со дигитализација, унапредување на услугите и поголема транспарентност – во интерес на граѓаните и правните лица.