Во празничен дух и со искрена желба да внесеме радост и насмевки, Агенцијата за катастар на недвижности, втора година по ред, организираше новогодишна претстава наменета за најмладите – децата на нашите вработени.




Преку ваквите настани создаваме моменти што го зајакнуваат заедништвото и позитивната атмосфера во институцијата. Детската радост, смеата и празничната магија беа најубавата потврда за значењето на овие средби.
На сите дечиња и нивните семејства им посакавме среќни новогодишни и божиќни празници, исполнети со здравје, радост и топлина.



