Директно и отворено со граѓаните на Општина Ѓорче Петров – за секој нивен проблем и за сите предизвици поврзани со работењето на Агенцијата за катастар на недвижности.
Вчера, заедно со тимот на Агенцијата, разговаравме со граѓаните и преку директна комуникација и конкретни решенија ги адресиравме сите отворени прашања.






Големиот интерес во Ѓорче Петров, како и во останатите општини, покажува дека акцијата е навистина добредојдена. Затоа продолжуваме и во наредниот период – со иста цел: транспарентен, достапен и ефикасен Катастар, поблиску до граѓаните.



