Ги известуваме корисниците на услугите на Агенцијата за катастар на недвижности на канцеларијата во Драчево, која ги опфаќа и жителите на Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места, а се наоѓа во Урбаната заедница „Бобан Трпков“ во Драчево, дека поради реконструкцијата на просториите на Урбаната заедница, каде што се наоѓа канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности, таа ќе биде привремено преместена во просториите на Домот на културата во село Драчево на улица „Драчевска“ број 96.
Од понеделник, 17 ноември 2025 година, во просториите на Домот на културата, канцеларијата на АКН ќе продолжи со својата редовна работа и граѓаните ќе можат да поднесуваат различни видови барања. Како и до сега, освен издавање на имотен лист и лист за предбележување на градба, ќе може да се поднесат барања за издавање на извод од катастарски план, барања за добивање на уверенија за идентификација и уверенија за историски преглед на извршени запишувања на катастараски парцели и згради, посебни делови од згради и други објекти, како и да поднесат пријави за промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување, промена на лични и адресни податоци, теренски промени, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права.
Агенцијата за катастар на недвижности останува блиска до граѓаните, а нејзините производи и услуги лесно достапни, ширум државата.



