Извештај на Европската комисија за напредокот, за 2025 година

Извештај на Европската комисија за напредокот, за 2025 година

Кластер 1: Основи на процесот на пристапување, владеење на правото и фундаментални права

Европската комисија го објави „Извештајот за напредокот на државата за 2025 година“, при што во Глава 23: Судство и фундаментални права, права на сопственост, е нотирано дека Агенцијата за катастар на недвижности промовираше нови дигитални услуги за јавноста, го намали бројот на нерешени предмети за 20 %, во споредба со 2024 година и го намали заостанатиот број на вкупно примени предмети за 10 %. Регистрацијата на земјиштето и имотот е завршена, а ласерското скенирање е имплементирано низ целата земја.

Оценката во Извештајот е уште една потврда дека Агенцијата за катастар на недвижности како институција која е надлежна за одржувањето на катастарот на недвижностите, управувањето со Геодетско-катастарскиот информациски систем, воспоставувањето, одржувањето и јавниот пристап до Националната инфраструктура на просторни податоци, работи врз основа на принципите на законитост, стручност, ефикасност, отвореност, сервисна ориентација, професионалност и одговорност за работењето и постигнатите резултати.

Агенцијата за катастар на недвижности и понатаму останува посветена во реализацијата на стратешките приоритети и цели и ќе дава максимален придонес во соработката со сите институции во реформските процеси, на патот кон пристапување кон Европската Унија.