Меморандум за соработка со Народната банка

Меморандум за соработка со Народната банка

Денес, преку потпишување на Меморандум за соработка со Народната банка, Агенцијата за катастар на недвижности ја операционализира идната рамка на институционална соработка, со која се воспоставува понапредна размена на податоци и информации од заемен интерес.

Преку оваа соработка, Агенцијата за катастар на недвижности ќе даде поддршка на Народната банка во збогатување на анализите на пазарот на недвижности – како значаен сегмент во нејзините активности за постигнување и одржување на финансиската стабилност.

Потпишувањето на Меморандумот претставува потврда на заемната определба за интензивирање на соработката помеѓу двете институции, заснована на принципите на професионалност, транспарентност и ефикасност – со заедничка цел унапредување на квалитетот на податоците и политиките од јавен интерес.