Попладнево, Агенцијата за катастар на недвижности од Општина Аеродром, заедно со градоначалникот Дејан Митески, го означи почетокот на новата кампања „Катастар до тебе“.
Целта е преку директна и непосредна комуникација да им ги доближиме услугите на граѓаните – отворено, транспарентно и со јасни одговори на сите прашања и дилеми. Државни службеници и раководители од Агенцијата ќе бидат на располагање за разговор и совети, со што институцијата станува уште подостапна и поблиска.




Во рамките на кампањата, предвидено е тимови на Агенцијата да ги посетат сите општини во Македонија. Веќе следната недела продолжуваме со средби во општините Кисела Вода и Бутел.



