Агенцијата за катастар на недвижности со големо задоволство ја најавува новата кампања „Катастар до тебе“ – иницијатива со која преку директни средби во сите општини ја доближуваме Агенцијата за катастар на недвижности до граѓаните и правните лица.
![]() |
Првиот настан ќе се одржи во четврток, 18 септември, од 16:00 до 19:00 часот во Општина Аеродром. Нашите стручни лица ќе бидат директно достапни за разговор, совети и одговори на сите ваши прашања.
Целта е да бидеме уште поблиску до вас, преку поефикасна, подостапна и транспарентна услуга.




