Врз основа на член 42 став 3 од Законот за користење и располагање со стварите во државна сопственост и со стварите во општинска сопственост (“Службен весник на Република Македонија” бр. 78/15, 106/15, 153/15, 190/16 и 21/18 и “Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 101/19, 275/19 и 122/21) и Одлуката за давање согласност за спроведување постапка за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад на Владата на Република Северна Македонија бр. 50-4157/9 од 30.07.2025 година, Агенцијата за катастар на недвижности објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за избор на правно лице кое врши дејност или поседува дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад
Критериум за избор на правно лице е рокот за преземање на движните ствари кои се предмет на јавниот повик.
Преземањето на движните ствари е без надомест.
Избраното правно лице на јавниот повик има обврска да изврши преземање на движните ствари- електронска, електрична и информатичка опрема, опрема под притисок (ПП апарати) како и канцелариска опрема, предмет на јавниот повик од наведените локации и истите да ги транспортира како отпад на соодветен начин, согласно со законските прописи.
Движните ствари се наоѓаат на локации во генералната дирекција во Скопје (ул. Трифун Хаџи Јанев бр.4 – нас. Автокоманда), Центарот за катастар на недвижности во Скопје (ул. Дрезденска бб), како и во подрачните одделенија за катастар на недвижности во: Струга (ул. Боро Хаџиевски Путе б.б.), Тетово (Градски трговски центар II кат), Кочани (ул. Димитар Влахов бр.7), Кичево (ул. Борис Кидрич бр.1), Битола (ул. Климент Охридски б.б.), Прилеп (ул. Александар Македонски бр.147), Охрид (ул. Димитар Влахов б.б.), Дебар (ул. 8 Септември бр.59), Валандово (ул. 4 Јули бр.1), Свети Николе (Плоштад Илинден б.б.), Велес (ул. Панко Брашнар бр.1), Македонски Брод (ул. 7 Септември бр.2), Демир Хисар (ул. Битолска б.б.), Ресен (Плоштад Маршал Тито б.б. – Општинска зграда), Гостивар (ул. Мајор Чеде Филиповски б.б.), Гевгелија (ул. Борис Карпузов бр.2), Неготино (ул. Маршал Тито б.б.), Кавадарци (ул. Едвард Кардељ бр.5) и Дебар (ул. 8 Септември бр.59).
Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни правни лица, кои поседуваат важечка Дозвола за собирање и/или транспортирање, преработка, рециклирање и уништување на отпад, издадена од надлежен орган.
Лицe за контакт во врска со јавниот повик е:
- Горан Герасимовски, тел. 070309671, електронска адреса: g.gerasimovski@katastar.gov.mk.
Подетални информации за движните ствари (листа на движни ствари), како и потребна документација во врска со јавниот повик може да се подигне лично од просториите на Агенцијата за катастар на недвижности, ул. ,,Трифун Хаџи Јанев’’ бр.4 – 1000 Скопје или електронски, преку следниот линк (Инструкција по јавен повик) објавен на веб страната на Агенцијата за катастар на недвижности.
Краен рок за доставување на пријавите за учество е 11.08.2025 година до 16:30 часот.
АГЕНЦИЈА ЗА КАТАСТАР НА НЕДВИЖНОСТИ



