Учењето никогаш не запира, а професионалноста секогаш мора да се унапредува – во интерес на граѓаните и заедничкото добро

Учењето никогаш не запира, а професионалноста секогаш мора да се унапредува – во интерес на граѓаните и заедничкото добро

Денеска во Скопје Агенцијата за катастар на недвижности го организираше второто советување наменето за вработените правници во АКН, на тема „Правни основи за запишување, прибележување и промени во катастарот на недвижности“, што Агенцијата за катастар на недвижности го организира во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“ и Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Ветивме дека ќе воведеме нова пракса и ете, одиме по тој пат – со цел овие советувања да прераснат во традиција. Сигурен сум дека ќе придонесат во секојдневната работа на сите вклучени страни, ќе разрешат многу дилеми и ќе понудат корисни насоки во пракса. Оваа размена на знаења и искуства е од големо значење за унапредување на стручноста и законитоста во работењето.

Во моето обраќање нагласив дека Агенцијата работи врз основа на принципите на стручност, ефикасност, отвореност и одговорност. Убеден сум дека денешното советување ќе поттикне подеднаква професионална љубопитност како и првото, и ќе придонесе кон развој на практики во интерес на граѓаните. Учењето не смее да запре – професионалноста мора да се унапредува!