Општина Чашка добива повторно активна канцеларија на АКН.
Денес, по неколкугодишна пауза, повторно ја отворивме канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во општина Чашка.


Со ова, над 7.500 граѓани повеќе нема да мораат да патуваат до Велес за да поднесат барање – катастарските услуги повторно се достапни во нивната општина.


Континуирано работиме на приближување на услугите до граѓаните и на подигнување на нивниот квалитет – за поефикасна, подостапна и поблиска институција.



