Работна посета на делегација од Косовска катастарска агенција

Работна посета на делегација од Косовска катастарска агенција

На 19.5.2025 година во посета на Агенцијата за катастар на недвижности беше делегација на Косовската катастарска агенција. Целта на посетата беше колегите од Косово да се запознаат со процесот на востановување на катастарот на инфраструктурни објекти како дел од катастарот на недвижности, затоа што Косовската катастарска агенција е пред процесот на воспоставување на катастар на инфраструктурни објекти.

При посетата, посебен акцент беше ставен на: Структурата за креирање податоци за комунални претпријатија; Методите и постапките при првата регистрација; Сопственоста и други оптоварувања, како и за методите и начините на кои податоците се собираат и одржуваат.

Делегацијата од Косово прво ја посети Генералната дирекција на АКН каде беше презентиран ситемот на инфраструктурни објекти (технички и правни аспекти), како и пример од запишување на линиски инфраструктурни објекти. Во вториот дел од посетата, во Центарот за катастар на недвижности – Скопје беше презентиран процесот на запишување на ИО во е-Кат системот, од поднесување на барање до евидентирање и запишување. Од двете страни беше потенцирана добрата соработка помеѓу двете институции, која веќе прераснува во традиција со плодна соработка на двете држави на полето на катастарот на недвижности.