Денеска Агенцијата за катастар на недвижности потпиша меморандум за соработка, со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Со овој меморандум се отвора ново поглавје на партнерство кое ќе придонесе за унапредување на работата на двете институции и за подобрување на квалитетот на услугите кон граѓаните.




Соработката предвидува поврзување на теоријата и практиката во области како што се граѓанското и административното право, катастарот, геодетско-катастарскиот информативен систем и националната инфраструктура на просторни податоци.
Дополнително, ќе работиме на организирање едукативни активности, заеднички иницијативи за подобрување на законската рамка, размена на знаења и овозможување практична настава за студентите – идни професионалци, можеби и идни колеги.



