АЖУРИРАНАТА ТОПОГРАФСКА КАРТА ВО РАЗМЕР 1 : 25 000 ДОСТАПНА НА ПОРТАЛОТ Е-УСЛУГИ

АЖУРИРАНАТА ТОПОГРАФСКА КАРТА ВО РАЗМЕР 1 : 25 000 ДОСТАПНА НА ПОРТАЛОТ Е-УСЛУГИ

Почитувани корисници, ве известуваме дека Агенцијата за катастар на недвижности на порталот „е-услуги“ (https://e-uslugi.katastar.gov.mk/) ја направи онлајн достапна за користење ажурираната топографска карта во размер 1 : 25 000 во растерски и векторски формат и формат со ознака ТК 25 000 (2017). Според номенклатурата, во растерски формат достапни за користење се услугите за преземање 205 листа од топографската карта на кои е прикажана нејзината комплетна содржина. Податоците на ажурираната топографска карта во векторски формат за целата територија на државата се организирани по пакетите: административни области, класификација на земјиште, патишта, железници, води, мали објекти, топографски карактеристики и називи и можат да се преземаат преку услугите за селекција на лист од карта, цртање полигон и прикачување датотека во формат shp/gml. Содржината на ажурираната топографска карта соодветствува со податоците од извршеното авионско снимање и со изработените ортофото карти во 2017 година.

Воедно, ве известуваме дека на порталот „е-услуги“ достапна за прегледување е и содржината од новата ортофото карта изработена од авионското снимање реализирано во 2023 година.