Работна средба со раководството на АД Пошта

Работна средба со раководството на АД Пошта

Во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности се одржа работна средба со директорот на АД Пошта, Орхан Куртиши, и директорот на поштенски операции, Бојан Кереместевски.

На средбата се разговаравше за можностите за изнаоѓање соодветно законско решение за имплементација на регистарот на куќни броеви, со цел воспоставување ред и систематизација во оваа важна област.

Со институционална координација и јасни надлежности можеме да обезбедиме подобри, попрецизни и пофункционални услуги за граѓаните. Продолжуваме со проактивен пристап и соработка!