Работна средба со директорот од холандскиот катастар, Хаико ван дер Вегт

Работна средба со директорот од холандскиот катастар, Хаико ван дер Вегт

Денеска имав чест да бидам домаќин на Хаико ван дер Вегт, директор за Европа и Централна Азија во холандскиот катастар, кој беше во работна посета на македонскиот катастар. Посетата ја сметам за особено значајна, бидејќи станува збор за институција со која Агенцијата за катастар на недвижности гради повеќе од 15 години партнерска соработка.

На средбата разговаравме за конкретни можности за продлабочување на соработката, со акцент на размена на знаење и искуства. Посебен фокус ставивме на темата за изработка на топографски карти по НАТО стандарди, за што нашата институција има обврска, а холандскиот катастар располага со значајно искуство и експертиза.

Се согласивме дека идната соработка треба да биде поинтензивна, преку организација на заеднички работилници, обуки, како и аплицирање за проекти од заеднички интерес.