Потпишан меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Потпишан меморандум за соработка со Академијата за судии и јавни обвинители.

Денеска со директорката на Академијата за судии и јавни обвинители, Ирена Трајкоска Стрезоски, потпишавме меморандум за соработка чија цел е продлабочување на институционалната соработка и размена на знаења и искуства.

Меморандумот предвидува заедничка реализација на обуки за судии, јавни обвинители и вработени во агенцијата, размена на информации и експертиза, заедничко учество на конференции, организација на едукативни настани и активности од заеднички интерес.

Очекуваме дека преку конкретни иницијативи, оваа соработка ќе придонесе за поефикасно функционирање на институциите и подобри услуги за граѓаните.