Прва стручна обука за вработените во Агенцијата за катастар на недвижности: Континуирана едукација за поквалитетна услуга за граѓаните.
Денес, во Скопје, во организација на Агенцијата за катастар на недвижности, се одржа првото стручно советување наменето за правниците од агенцијата. Темата беше „Актуелните дилеми и предизвици во врска со запишување на правата со сопственост во катастарот на недвижности“, со посебен осврт на прашањата од практиката и работењето. Главната цел на денешниот настан е да се постигне воедначеност при постапувањето по предметите, за да корисниците ја имаат потребната правна заштита.






Ова советување е прво ваков тип организирано од Агенцијата и како дел од нашите заложби за унапредување на стручноста на вработените и квалитетот на услугите за граѓаните. Планираме ваквите стручни советувања да станат редовна пракса и да се одржуваат неколку пати годишно.
Во моето обраќање истакнав дека континуираното учење и усогласувањето на постапките согласно со актуелните закони и правилници е клучно за подобрување на услугите и постигнување на поквалитетни резултати за нашите граѓани. Креирањето на вакви обуки и обезбедување континуирана едукација за вработените е начин да осигураме поквалитетни услуги за граѓаните и правните лица.



