Продолжуваме со дигитализација на катастарот – нова он-лајн апликација за увид во статусот на барањата

Продолжуваме со дигитализација на катастарот – нова он-лајн апликација за увид во статусот на барањата

Во согласност со заложбите за модернизација, денеска ја пуштивме во употреба апликацијата за увид во статусот на барањата. Со ова решение, граѓаните и правните лица во реално време ќе можат да го следат статусот на своите предмети, без потреба од физичко присуство.

Оваа апликација е одговор на барањата за побрзи и поефикасни услуги. Нашата цел е да ја направиме институцијата подостапна, а дигитализацијата останува клучен приоритет во овој процес.

Ги охрабрувам сите да ја користат апликацијата, која е достапна преку веб-страницата на Агенцијата во делот „Увид во статус на предметот“. Со внесување на кодот од потврдата за прием, во секое време ќе можете да ги добиете основните информации за вашето барање.

Линк до апликацијата: http://status.katastar.gov.mk:8080/status-work/