Почитувани корисници на порталот „е-услуги“ на Агенцијата за катастар на недвижности, ве известуваме дека од јануари 2025 година ставени се во функција и достапни се за користење новите веб-сервиси кои се однесуваат на следните видови геодетски мрежи: нивелманска мрежа, активна ГПС-мрежа, пасивна ГПС-мрежа и гравиметриска мрежа.


Сервисите за прикажување овозможуваат наведените типови геодетски мрежи да се вчитаат на прегледникот во соодветен размер и симбологија, да се прикажат податоците за катастарските парцели и објекти со цел да се идентификуваат парцелите на кои тие се поставени. Сервисите за купување овозможуваат селекција на точки од наведените мрежи по избор на корисникот и купување податоци за селектираните точки во согласност со тарифникот.
Имајќи предвид дека геодетските точки се основа за вршење на премерот на недвижностите, новите сервиси беа презентирани и на четвртата задолжителна обука за овластените геодети, како дел од презентацијата на новиот портал „е-услуги“.



