После пауза од повеќе од 10 години, денес во скопската населба Автокоманда повторно е отворена подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, наменета за жителите на општина Гази Баба но и за жителите на околните општини Бутел и Чаир.
Почнувајќи од денес, започнува со работа новата подрачна канцеларија на Агенцијата за катастар на недвижности, во која ќе можат да се поднесуваат барања од сите организациони облици.




Станува збор за целосно нов, опремен и реновиран простор, лоциран во населбата Автокоманда (улица Трифун Хаџи Јанев бр.10), во непосредна близина до дирекцијата на Агенцијата за катастар на недвижности. Отворањето на новата подрачна канцеларија е чекор напред во процесот на доближување на услугите до граѓаните, преку кои тие ќе бидат подостапни за секого.
Подрачна канцеларија во населбата Автокоманда ќе биде отворена за граѓаните секој работен ден во периодот од 07.30-15.30 часот.



