Регионалниот проект СПАТИАЛ 2 кој е финансиран од страна на Холандската влада во рамките на претпристапната програма МАТРА, на 5 и 6 декември 2024 година, во Белград ја одржа својата завршна конференција.
Домаќин на завршниот настан беше Републичкиот геодетски завод на Република Србија. Беа презентирани резултатите од проектот и беше претставена новата програма за финансирање на земјите од Западен Балкан.


На настанот беа присутни претставници од националните агенции за катастар, геодезија и земјишна администрација на земјите од регионот. Секоја институција ги презентираше приоритетните области за кои им е потребна подршка во идниот проект кој би се финансирал во рамките на МАТРА инструментот. Исто така, на завршната конференција за регионалниот проект СПАТИАЛ 2 присуствуваа и претставници од меѓународните организации кои се активно вклучени во финансирањето во областа на земјишната администрација на земјите од регионот, како и претставници од други меѓународни организации, донатори и Светска банка.
Агенцијата за катастар на недвижности имаше своја делегација на овој значаен настан и се претстави со две презентации за реализираните активности, поттикнати иницијативи од проектот, трендови и идни планови.



