На 4.12.2024 година во работна посета на Агенцијата за катастар на недвижности беа претставници од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и Министерството за национална одбрана на Република Грција.
Целта на посетата на овие две институции беше да се запознаат со можностите и капацитетите на Агенцијата за катастар на недвижности, посебно во делот на картографската продукција која е поврзана со геопросторната поддршка и исполнувањето на националните обврски кон НАТО.


Претставници на АКН, на делегациите им презентираа материјали за организациската поставеност, надлежностите и функционирањето на АКН, со продуктите и услугите кои што ги обезбедува за корисниците, како и со системите преку кои тие се дистрибуираат до крајните корисници. Посебен акцент беше ставен на состојбата и достигнувањата во областа на картографијата и основните геодетски работи.
Како дел од средбата беше остварена и посета на Одделението за картографија и фотограметрија, каде што претставниците од Министерството за одбрана на Република Северна Македонија и од Министерството за национална одбрана на Република Грција имаа можност директно да се запознаат со процесите на изработка на топографски карти и да видат дел од картографските и ЛиДАР продукти.
Беа разгледани и можностите за идна соработка со грчката страна во доменот на геодезијата и картографијата, која секако би се реализи-рала во координација со Министерството за одбрана.



