АКН ја презентираше својата работа на меѓународната конференција во Косово

АКН ја презентираше својата работа на меѓународната конференција во Косово

„Напредок во дигитализацијата на катастарските услуги“ беше темата на дводневната конференција која во Призрен, Косово се одржа во организација на Агенцијата за катастар на Косово. Конференцијата имаше меѓународно учество и беше еден вид платформа за размена на знаења, искуства и иновативни решенија, кои треба да нè водат кон дигитален и конкурентен катастарски систем и тоа, не само во регионот, туку и во Европа и пошироко. На отварањето на конференцијата, покрај директорот на косовскиот катастар, собирот го поздрави и претседателот на „EuroGeographics“, кој ја поздрави и истакна визијата и посветеноста да се постигне дигитален и конкурентен катастарски систем и ја подвлече важноста од усогласување на меѓународните катастарски стандарди.

Покрај плодните дискусии на различни панел сесии, гостите можеа да слушнат и 16 одлични презентации од локални и меѓународни клучни актери во ова поле, од земји како Холандија, Норвешка, Данска, Турција, Хрватска, Македонија, Украина и Босна. Сите присутни се согласија дека дигитализацијата на катастарските услуги, интеракцијата на податоците помеѓу регистрите го одразуваат сегашниот напредок и ја одредуваат стратешката насока за иднината на катастрите.

На конференцијата присуствуваше двочлена делегација од македонската Агенција за катастар на недвижности, која имаше своја презентација на темата „Дигитализацијата во Агенцијата за катастар на недвижности (е-сервисите и гео-порталите). Беше претставена целокуп-ната работа и функционирање на Агенцијата за катастар на недвижно-сти, но посебен осврт беше даден токму на еКат и дистрибутивните гео-портали на АКН (порталот за електронски услуги, НСДИ, ЛиДАР, и слично), кои се достапни 24 часа дневно за сите физички и правни лица.

Исто така, на конференцијата беше промовирана новата компјутер-ска платформа „Land Portal“ каде сите стручни лица од областа на катастарот на земјиштето ќе можат да најдат голем број на информации и информации за актуелни случувања.