Десетти состанок на советот на ЕУПОС

Десетти состанок на советот на ЕУПОС

На 24 и 25 октомври 2024 година во Скопје се одржа десеттиот ЕУПОС совет и технички состанок.

ЕУПОС – eвропскиот систем за позиционирање, е меѓународна непрофитна иницијатива на јавни институции кои даваат услуги поврзани со „GNSS“ позиционирање и навигација чија основна цел е олеснување при воспоставувањето и поддршка при функционирањето на мултифункционални-те системи на „GNSS“ референтните станици, како и создавање на заеднички производи и услуги за потенцијалните корисници.

Во ЕУПОС членуваат повеќе од 20 национални агенции и институции од Централна и Југоисточна Европа, меѓу кои и Агенцијата за катастар на недвижности на Република Македонија.

Секоја година, Советот на ЕУПОС се одржува во некоја од земјите членки, а за првпат, оваа година во Скопје, домаќин беше Агенцијата за катастар на недвижности. На десеттиот ЕУПОС совет и технички состанок учествуваа претставници од 15 европски земји. Беа презентирани активностите на ЕУПОС во изминатата година, а НГИ (Национален географски институт) – Белгија беше прифатена за нова полноправна членка. За време на сесиите, беа водени дискусии на повеќе теми поврзани со искуствата за мерења со „Galileo“ и „BeiDou“ сателитските сигнали како и комбинацијата на GNSS/InSAR сигналите.

Во рамките на техничкиот состанок презентирани беа и националните извештаи на сите земји учеснички, меѓу кои и на нашата земја.