Агенцијата за катастар на недвижности воведува нови дополнителни услуги за граѓаните кои гравитираат кон населбата Драчево. Сега тие можат да ги добијат овие услуги во подрачната канцеларија на Агенцијата лоцирана во оваа населба.
Од 20.08.2024 година, во канцеларијата на Агенцијата за катастар на недвижности во Драчево, жителите на Драчево, Пинтија, Зелениково, Долно Лисиче, Студеничани и околните населени места можат да поднесуваат различни видови барања до Агенцијата.
Со воведување на оваа новина, граѓаните, освен постоечките услуги (издавање на имотен лист/ лист за предбележување на градба), сега имаат можност на едно место да поднесат барања за издавање на извод од катастарски план, барања за добивање на уверенија за идентификација и уверенија за историски преглед на извршени запишувања на катастараски парцели/ згради, посебни делови од згради и други објекти, како и пријави за промена на носител на право и вид на право во постапка на одржување, промена на лични и адресни податоци, теренски промени, промена на катастарска култура, запишување на недвижности со незапишани права, со што значително се олеснува пристапот до услугите и производите кои ги нуди Агенцијата.
Во следниот период, Агенцијата за катастар на недвижности ќе продолжи да воведува новини во работењето со цел услугите и производите да бидат подостапни и поблиски до граѓаните.



