Питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во посета на Агенцијата за катастар на недвижности.

Питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во посета на Агенцијата за катастар на недвижности.

Питомците на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, студенти во прва година на додипломските студии, на 30 мај 2024 година беа во посета на Агенцијата за катастар на недвижности.

Овие питомци и студенти, во првата година од студирањето го изучуваат предметот Картографија со воена топографија. Посетата на Агенцијата за катастар беше организирана за тие да се запознаат со процесот на изработка на топографските карти, како и целокупната работа која ја врши Агенцијата за катастар. Студентите, покрај теоријата совладана преку наставата, се запознаа и со практичната работа и процесот на работа на Катастарот, што ќе им помогне и при совладувањето на материјалот по предметот Картографија со воена топографија.

Претставниците од Агенцијата за катастар на недвижности ги презенираа темите: за општото работење на Агенцијата, за основните геодетски работи, за изработката на картографските продукти, функционирањето на Национална инфраструктура на просторни податоци (НИПП), работата на ИТ системите и за регистрите кои се водат во Агенцијата за катастар на недвижности.

По завршување на теоретскиот дел и презентациите, на студентите им беше организирано запознавање со секторите и одделенијата, каде можеа и на лице место да видат како се одвиваат работните процеси во Агенцијата за катастар на недвижности. Посебен акцент беше даден на одделението за картографија, затоа што процесот на изработка на топографски карти е сегментот од работењето на Агенцијата за катастар кој предизвика најголем интерес кај студентите, затоа што тие веќе имаа теоретски предзнаења во врска со картографијата и топографијата.