Почитувани, ве известуваме дека презентациите од Конференцијата НИПП-ден 2024 која се одржа на 21 и 22 февруари 2024 година, се достапни за преземање за секоја од сесиите одделно.
ПРВ ДЕН, 21 февруари 2024 годинa
Сесија 1:
- „Зелена локациска рамка на Република Словенија/Гео-просторни информативни центри во Република Словенија”, Томаж Петек Геодетска управа на Република Словенија
- „Дваесет години НИПП во Република Хрватска-достигнувања, прашања и перспективи“, Жељко Бачиќ-Универзитет во Загреб, Геодетски факултет
Сесија 2:
- „Комбинирана геодетска мрежа-дел од фундаментална македонска геодетска инфраструктура“, Златко Србиновски, УКИМ, Градежен факултет-Скопје
- „Преглед на статусот поврзан со воспоставување, одржување и развој на НИПП во Република Хрватска“, Томислав Цицели, Државна геодетска управа на Република Хрватска
- „НИПП во Република Српска“, Оливера Kарановиќ Ќириќ, Републичка управа за геодетски и имотно-правни работи, Република Српска
- „Новата ИПП- стратегија во Република БиХ базирана на ИГИФ“, Јасмин Ќатиќ, Федерална управа за геодетски и имотно-правни работи
- „Националните трендови и новини во НИПП во Република Косово“, Ќазим Синани, Косовска катастарска агенција
Сесија 3:
- „Од ИНСПИРЕ до зелени податоци за сите“, Владо Цетл, Универзитет Север – Универзитетски центар Вараждин
- „Релевантни ЕУ-политики поврзани со еволуцијата на ИНСПИРЕ-директивата“, Хаико ван дер Вегт, холандски катастар, Кадастер интернационал
- „Тековен статус и перспективи за развојoт на НИПП во Република Грција“, Панос Лолонис, Катастар на Република Грција
- „Геопросторни податоци во моделирање на бучава во животната средина“, Марија Хаџи Николова, УГД Штип, Факултет за Природно-технички науки
- „WEB GIS aрр како алатка за обработка и презентирање геопросторни податоци, како и користење и креирање веб-сервиси во МЖСПП“, Часлав Тошевски, Министерство за животна средина и просторно планирање
- „Развој на геопросторна информациска инфраструктура во Албанија“, Елфрида Колбучај, Државна управа за геопросторни информации
ВТОР ДЕН, 22 февруари 2024 година
Сесија 1:
- „Сервиси на МВР на НИПП“, Ана Мирчевска, Министерство за внатрешни работи
- „Осврт на постигнатите резултати во НИПП“, Соња Димова, Агенција за катастар на недвижности
- „Просторни податоци во функција на реализација на проект за консолидација на земјиште“, Ѓорѓи Ѓорѓиев, УКИМ, Градежен факултет – Скопје
Сесија 2:
- „Екстракција на објекти и моделирање на просторни појави базирани на LiDAR- податоци“, Наташа Малијанска- Андреевска, УКИМ, Градежен факултет – Скопје
- „Користење на API за пристап до податоците во Макстат базата на податоци на Државниот завод за статистика“, Горан Киранџиски, Државен завод за статистика
- „Решенија за НИПП-субјектите за имплементација на актуелните ЕУ-политики“, Лука Јовичиќ, ГДИ



