НИПП Ден 2024

НИПП Ден 2024

Денеска и утре се прославува јубилејниот, петти Ден на Националната инфраструктура на просторните податоци во Република Северна Македонија. Денот на НИПП беше востановен пред точно пет години од страна на Агенцијата за катастар на недвижности и се одбележува секој 24 февруари. Сепак годинава, по тој повод, на 21 и 22 февруари се одржува дводневна меѓународна конференција. Повеќе гости од земјава и регионот, но и пошироко, ги презентираат и разговараат за актуелните трендови во областа на инфраструктурата на просторни податоци и европската зелена агенда во нивните земји, но и на пошироко, светско ниво.

Претседателот на Советот на НИПП, Фатмир Битиќи, во обраќањето истакна: „Имајќи во вид дека Националната инфраструктура на просторни податоци овозможува меѓусебно комбинирање на податоците од различни извори и создавање на нови информации, нивната моќ станува уште поголема. Овие информации се значајни како за економијата така и за општеството. Тие се клучен фактор за креирање политики, особено во борбата против климатските промени, намалувањето на загаденоста на воздухот во урбаните средини и подобрување на транспортната инфраструктура.

Трендот на земјите членки на Европската унија по однос на податоците е насочен кон нивно отворање. На нашата држава како земја кандидат за членка во Европската Унија ѝ претстојат обврски за транспонирање на директивата за отворени податоци во националното законодавство“.

Од формирањето на НИПП, до денес, АКН постојано се залага за примена на нови технологии, стандарди и услуги, што јасно го покажува и НИПП гео-порталот. Тој овозможува брз, автоматизиран и непречен пристап до просторните податоци, како и нивна интероперабилна размена. Ги интегрира просторните податоци од сите државни институции во едно централизирано место од каде тие се достапни за користење до сите корисници во и надвор од Република Северна Македонија.

Министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова во своето излагање посочи дека: „Министерството за животна средина и просторно планирање од самиот почеток е активно вклучено во воспоставувањето на Националната инфраструктура за просторни податоци, засилено инвестира во развој на ВЕБ ГИС апликацијата за прибирање, обработка и презентирање на геопросторните податоци од делокругот на работењето на Министерството, а оваа година обезбеди средства за изработка на ВЕБ базиран информативен систем и интегрирање на геопросторните податоци во гео-дата база согласно INSPIRE директивата.

Целта и предизвикот на Министерството за животна средина и просторно планирање е да се овозможи побрза и поефикасна обработка на доспеаните барања што се однесуваат за просторна идентификација, издавање на мислења, одобренија, дозволи и и да се олесни јавниот пристапот до податоците поврзани со заштитата и следењето на животната средина.

Агенцијата за катастар на недвижности ги координира НИПП активностите во кои учествуваат државни институции, членки во националната инфраструктура на просторни податоци. На граѓаните, органите на државната управа и јавниот и приватниот сектор им се на располагање податоците објавени на НИПП геопорталот.

Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности, Борис Тунџев сподели дека: „Благодарение на учесниците од регионот па и пошироко, годинешната конференцијата НИПП ден 2024, добива меѓународен предзнак. Оваа година, конференцијата е можност да се сретнат колегите кои посветено работат на развивање на националната инфраструктура на просторни податоци во своите земји и да ги разменат сопствените искуства.

Искуството пак, кое во оваа област го има АКН, се базира на улогата која ја има како национален координатор. Покрај добрата координација, успехот во НИПП зависи и од податоците објавени на геопорталот и од условите за нивно користење.

Отворените податоци ги зголемуваат перформансите и транспарент-носта на институциите од јавниот сектор. Тие создаваат значителна вредно-ст за општеството во целина, влијаат на нашиот секојдневен живот и се двигател на економскиот раст“.