Изменување и дополнување на Тарифниците на АКН

Изменување и дополнување на Тарифниците на АКН

Со измените и дополнувањето на Тарифникот за висината на надоместокот за заверка на геодетските елаборати за извршени геодетски работи, за запишување на инфраструктурните објекти во катастарот на инфраструктурни објекти, за запишување на недвижности кои останале со незапишани права и за запишување на промени во катастарот на недвижности и катастарот на инфраструктурни објекти, како дел од катастарот на недвижности, се направени измени во неколку ставки заради еднозначно дефинирање на единицата мерка, како и прецизирање на ставката по која ќе се врши запишување на соларните фотоволтаични и ветерни електрани во катастарот на недвижности. Со дополнувањето се воведува услуга за предбележување на инфраструктурен објект кога е во фаза на градба/измени на предбележувањето на инфраструктурен објект, како и услуга за бришење на предбележување на инфраструктурен објект во случај кога се поништува актот врз основа на кој е извршено предбележувањето.

Со измените и дополнувањата на Тарифникот за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, како и за издавање на овластување за изработка на картографски производи и за висината на надоместокот за издавање на согласност за ставање во употреба на картографскиот производ се врши намалување на висината на надоместокот за одредени податоци, се поедноставува издавањето на координатите за геодетските точки и изводот од катастарскиот план, а за одредени услуги се укинува надоместокот.

Значајна измена во Тарифникот е воведувањето на нова категорија “Податоци кои се користат без плаќање надоместок – Отворени податоци“, со која отпочнува трендот на усогласување со европската директива за отворени податоци.

Измените и дополнувањата на тарифниците се објавени во „Службен весник на РСМ“ бр.29 од 08.02.2024 година и на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности во делот „Регулатива/Тарифници“.