Нов Тарифник за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи

Нов Тарифник за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи

Почитувани колеги, ве известуваме дека новиот Тарифник за висината на надоместокот за извршените геодетски работи од страна на трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи е објавен во „Службен весник на РСМ“ бр.28 од 07.02.2024 година, а ќе се применува од 15.02.2024 година.

 Со овој тарифник се утврдува надоместокот за геодетско-катастарските услуги кои го наплаќаат трговците поединци овластени геодети и трговските друштва за геодетски работи на Република Северна Македонија, за да се испорача квалитетот на конкретната услуга и/или за да се изработи геодетски елаборат.

Надоместоците дефинирани во Тарифникот обезбедуваат оптимални услови за извршување на геодетско-катастарските работи согласно со Законот за катастар на недвижности.

Интегралниот текст на Тарифникот е објавен на веб-страницата на Агенцијата за катастар на недвижности во делот „Регулатива/Тарифници“.