Одржана VII седница на Советот на НИПП

Одржана VII седница на Советот на НИПП

На 11 декември 2023 година се одржа седмата редовна седница на Советот на НИПП. Со неа претседаваше претседателот Фатмир Битиќи, Заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.

Степенот на реализација на активностите од годишната програма на НИПП за 2023 година беша тема на седницата. Резултатите се содржани во Годишниот извештај за реализација, кој беше усвоен од Советот. На дневен ред беше и Предлог-годишната програма за НИПП за 2024 година. За неа, Советот се произнесе позитивно и ќе биде доставена до Владата на донесување.

Значаен дел предвиден во програмата за 2024 година е изработката и публикувањето веб-услуги за преглед и преземање податоци од националниот НИПП-геопортал. Објавувањето на поголем број веб-услуги од страна на НИПП-субјектите ќе придонесе за збогатување на содржината на националниот НИПП-геопортал.

Советот ја усвои и Предлог-уредбата за формата и содржината на Регистарот на збирки на просторни податоци, обврска произлезена од Измените и дополнувањата на Законот за НИПП на Република Северна Македонија.

Советот беше известен за одржувањето на веќе традиционалниот „Ден на НИПП“, во февруари. Следната, 2024 година, се планира регионален настан, кога претставници на НИПП на национално и на регионално ниво, ќе ги разменат новините, достигнувањата, искуствата и размислувањата за НИПП.