Завршен процесот на обуки за валидација на теренско прибраните податоци за улици и куќни броеви

Завршен процесот на обуки за валидација на теренско прибраните податоци за улици и куќни броеви

Во периодот од 21.11.2023 до 28.11.2023 година во просториите на Агенцијата за катастар на недвижности се одржа циклус на еднодневни обуки за валидација на теренско прибраните податоци за улици и куќни броеви. Претставникот на ангажираниот економски оператор за одржување на апликацијата за Графички регистар на улици и куќни броеви, детално ја објасни постапката за практична работа.

На обуките присуствуваа вкупно 54 вработени од 29 општини: Струга, Дебрца, Кичево, Битола, Могила, Новаци, Ресен, Демир Хисар, Прилеп, Долнени, Кривогаштани, Свети Николе, Делчево, Сопиште, Студеничани, Зелениково, Илинден, Петровец, Арачиново, Гевгелија, Демир Капија, Зрновци, Чешиново – Облешево, Карбинци, Струмица, Ново Село, Босилево, Василево и Конче.

До сега ваква обука имаа 66 општини со вкупно 137 претставници.

Агенцијата за катастар на недвижности, го воспоставува и ќе управува со Графичкиот регистар за улици куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Се воспоставува врз основа на теренски прибраните податоци.