Деветти технички состанок на ЕУПОС во Рига, следниот во Скопје

Деветти технички состанок на ЕУПОС во Рига, следниот во Скопје

На 22 и 23 ноември 2023 година во Рига, Република Летонија се одржа технички состанок на ЕУПОС, кој е eвропски систем за позиционирање и е меѓународна непрофитна иницијатива на јавни институции кои даваат услуги поврзани со ГНСС позиционирање и навигација.

Домаќин беше Универзитетот во Летонија, а учествуваа 21 претставници од 13 европски земји, меѓу кои и претставници од Агенцијата за катастар на недвижности. Темите беа поврзани со искуствата за мерења со сателитските сигнали „Галилео“ и „БеиДоу“, комбинацијата на ГНСС и ИнСАР сигналите, но беше разговарано и за ЕУ директивата 2019/2024 за отворени податоци, која се однесува на ГНСС податоците.

Во делот наменет за националните извештаи, кои се однесуваа на новостите и статусот во ГНСС инфраструктурите, референтните рамки и трансформација на координати во национални координатни системи, колокација со „ИнСар“, АКН имаше своја презентација на тема „ГНСС референтна инфраструктура“.

На деветтиот ЕУПОС Совет, едногласно беше одлучено следниот ЕУПОС Совет и технички состанок да се одржи во Скопје во организација на Агенцијата за катастар на недвижности.