Директорот на Риксаркивет -државниот архив на Шведска во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

Директорот на Риксаркивет -државниот архив на Шведска во посета на Агенцијата за катастар на недвижности

Неделава (14-18 ноември), во посета на Агенцијата за катастар на недвижности беше Микаел Андерсон, директор на Риксаркивет (државниот архив на Шведска).

Целта на посетата беше да се подигне свеста во АКН за најдобрите практики преку презентирање на искуствата на Риксаркивет и да се објаснат придобивките од воспоставување на центар за скенирање и е-архива. Беа организирани неколку работни состаноци, направен e увид во архивската граѓа и беше реализирана работилница на која беа презентирани најдобрите пракси и разменети искуства од областа на скенирањето и е-архивата.

На неколкуте реализирани посети на аналогните архиви во АКН, ЦКН и подрачните одделенија за катастар на недвижности. директорот на Риксаркивет беше запознаен со процесот на попис на архивската граѓа кој во моментот се одвива во АКН. Тој даде препораки кои ќе бидат имплементирани во Акцискиот план за скенирање и е-архив на АКН, за да се заштитат и зачуваат старите аналогни архиви како и новите дигитални податоци за идните генерации.

Документацијата која се создава во АКН има висока вредност не само за институцијата туку и за целото општество. Документите што се создаваат во хартија и во дигитален формат имаат долгорочна важност и затоа заштитата и чувањето на информациите се суштински за Република Северна Македонија