Надзор и евалуација на резултатите на проектот „Соработка за дигитална демократија“

Надзор и евалуација на резултатите на проектот „Соработка за дигитална демократија“

Во периодот 08 – 20.10.2023 година се спроведе надзор и евалуација на проектот „Соработка за дигитална демократија“. Компанијата НИРАС го реализираше овој процес и беше ангажирана од страна на Шведската меѓународна развојна агенција и Лантматериет (Lantmäteriet).

Предмет на евалуација беше петгодишниот проект за градење капацитети (2018 – 2022). Целта на оваа евалуација е:

  • да се оцени степенот на постигнатите резултати од проектот,
  • да им помогне на Лантматериет (Lantmäteriet) и на Агенцијата за катастар на недвижности да ги анализираат потребите и да ги идентификуваат можните области за дополнителна соработка во блиска иднина,
  • преку заклучоци, совети и препораки да им се помогне на Лантматериет (Lantmäteriet) и на Агенцијата за катастар на недвижности да ги користат позитивните и негативните искуства од проектот при работењето,
  • да се оцени напредокот, односно дали е во согласност со очекуваните резултати од проектот,
  • да се оцени ефикасноста на тековниот проект, особено начините на работа, способноста да се даде приоритет и да се биде флексибилен во поддршката, а исто така да се даде совет за да се овозможи ефикасност за потенцијалните претстојни проекти,
  • да се оцени улогата на проектот во рамките на Агенцијата за катастар на недвижности, локалната сопственост и соработката/координацијата со други тековни иницијативи за да се обезбеди силна локална сопственост, одржливи резултати и ефикасна имплементација.

За таа цел беше реализирана посета на Агенцијата за катастар на недвижности, беа реализирани интервјуа со засегнатите страни и клучните чинители на проектот и беше спроведено вреднување на локалниот проектен контекст и предизвиците.

Паралелно се одвиваше и процесот на подготовка на интерен извештај поврзан со евалуацијата на резултатите од проектот и управувањето со квалитетот (QAM report) . Целта беше да се детектираат научените лекции од проектот и да се соберат потребни информации за да можат да се дадат препораки до Агенцијата за катастар на недвижности и до Лантматериет (Lantmäteriet) за идна соработка.

Двете мисии беа успешни, а целите беа исполнети.