Одржан 5-тиот Конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина

Одржан 5-тиот Конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина

Во организација на Геодетското друштво на Херцег-Босна, по повод 70 години од почетокот на новиот премер, во периодот 27.9.2023- 29.9.2023 година, во Неум се одржа 5-тиот конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина. На конгресот учество зедоа 300 гости, како од земјата домаќин така и од регионот.

На конгресот беа презентирани 30 теми во рамките на 6 сесии, а Агенцијата за катастар на недвижности учествуваше со презентација на три труда на следниве теми: Пописен катастар како правна основа при воспоставувањето на катастарот на недвижности, недостатоци и нивно отстранување, Предбележувањето на згради во фаза на изградба во катастарот на недвижности и Запишаните податоци во катастарот на недвижности низ призмата на судската практика. Темите беа интересни за слушателите, особено поради фактот што во областа на катастарот Агенцијата за катастар на недвижности има постигнато значаен напредок во однос на регионот.

Дел од конгресот беше и изложбата на геодетската опрема и софтвери чија примена е во насока на модернизација на геодетската струка.