Потребата од скенирање, дигитална архива и надградба на соодветниот модул во еКат системот е потреба која ја наметнува современото дигитално општество. Во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“ беше изработена Студија која ќе помогне во иницирањето и ставањето во функција на овој процес. Во студијата беа дадени три алтернативи, а како најприфатлива беше онаа која предлагаше континуирано одржување на постоечкиот систем, истовремено развивајќи нова верзија базирана на новите технологии.


Процесот ќе отпочне со скенирање на збирката на исправи како најупотребуван архивски материјал. Тоа ќе придонесе до конечната цел воспоставување на дигитална архива, а процесот ќе се одвива во фази, користејќи ги постоечките можности за развој на модулот за скенирање на збирката на исправи во еКат, додека за геодетската документација ќе се испита можноста за користење на софтверот за скенирање.
На целиот овој процес ќе му претходи пописот на архивските документи кои ги поседува Агенцијата за катастар на недвижности, а за негово успешно реализирање, за вработените ќе бидат направени серија на обуки за тоа како треба да се реализира овој попис.



