5-ти Конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина

5-ти Конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина

Геодетското друштво на Херцег-Босна, од Мостар, во периодот од 27.9 до 29.9.2023 година, во Неум го организира петтиот конгрес за катастарот во Босна и Херцеговина. Конгресот е со меѓународно учество, а се организира по повод 70 години од почетокот на новиот премер во Босна и Херцеговина.

Застапени се поголем број теми, а Агенцијата за катастар на недвижности на Република Северна Македонија, на покана од колегите од Босна и Херцеговина, ќе учествува со повеќе трудови на темите: „Пописен катастар како правна основа при воспоставувањето на катастарот на недвижности, недостатоци и нивно отстранување“; „Предбележувањето на згради во фаза на изградба во катастарот на недвижности“ и „Запишаните податоци во катастарот на недвижности низ призмата на судската пракса“.

Во рамките на конгресот ќе биде организирана и изложба на геодетска опрема и софтвери посебно погодни за модернизирање на геодетската работа,

Повеќе информации во врска со темите, презентерите и другите настани на овој конгрес, можете да најдете на следниот линк.