Агенцијата за катастар на недвижности како носител на ИНСПИРЕ директивата учествуваше на билатералниот скрининг на едно од најкомплексните поглавја, „Поглавје 27 – Животна средина и климатски промени“, дел од Кластер 4: „Зелена агенда и одржлива поврзаност“. Скринингот се реализираше во Брисел во прериодот од 3 до 7 јули 2023 година, на кој претставниците од Европската комисија беа информирани за состојбите во животната средина во нашата држава и предизвиците со кои се соочуваме.


АКН го презентираше Законот за националната инфраструктура на просторните податоци, неговата имплементација, степенот на усогласеност со ИНСПИРЕ директивата и идните планови за целосно усогласување. Од страна на претставникот на Европската комисија беа дадени позитивни коментари за разбирањето на ИНСПИРЕ директивата и постигнатите резултати, со нагласување на потребата од воведување на „отворени податоци“.
Агенцијата за катастар на недвижности доби покана да учествува во работата на ИНСПИРЕ работната група во својство на набљудувач, заради поблиска информираност со активностите кои се реализираат во Европската унија во оваа област.



