Информација за нов сервис на ОССП геопорталот

Информација за нов сервис на ОССП геопорталот

Почитувани корисници на податоците од ОССП геопорталот, Ве известуваме дека од 20 јуни 2023 година, Агенцијата за катастар на недвижности го стави во функција сервисот кој овозможува онлајн преземање на трансформационите параметри (Bursa/Wolf и Molodensky/Badekas) за поле со големина 10 км х 10 км.

Услугата е достапна во категоријата „Геодетски точки“ и ја покрива целата територија на државата. До неа може да се пристапи на следниот линк: https://ossp.katastar.gov.mk/OSSP/faces/public/customMaps/transformacioniParametri.xhtml

Надоместокот за користењето на услугата е во согласност со Тарифникот за висината на надоместокот за користење и увид на податоците од геодетско-катастарскиот информационен систем, како и за издавање на овластување за изработка на картографски производи и за висината на надоместокот за издавање на согласност за ставање во употреба на картографскиот производ.