Обука за валидација на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви

Обука за валидација на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви

Охрид, Јегуновце, Липково и Богданци се новите 4 општини кои поминаа низ процесот на обука за валидација на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви.

Агенцијата за катастар на недвижности, со Законот за катастар на недвижности, го воспоставува и ќе управува со Графичкиот регистар за улици куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Се воспоставува врз основа на теренски прибраните податоци. Обемната теренска и компјутерска операција се спроведува според акционен план, според кој беше спроведена обука за валидација на теренски прибрани податоци за улици и куќни броеви за општините: Охрид, Јегуновце, Липково и Богданци.

На обуката беше објаснет начинот на валидација на теренски прибрани податоци за улици и куќни броеви и беше презентиран статусот на досегашните активности. Претставникот на ангажираниот економски оператор за одржување на аплокацијата за Графички регистар на улици и куќни броеви, детално ги елаборираше чекорите на практичната работа со апликацијата, која се користи за валидација на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви. Исто така, беше елабориран и досегашниот статус на оваа теренска и компјутерска операција.