Од 26 до 28 април 2023 година во организација на Светската банка, во Виена, беше одржана работилница „Земјишната администрација како алатка за прилагодување кон климатските промени и управување со ризици“. На настанот беа разменети искуствата на агенциите за геодезија, катастар и картографија од Западно-балканскиот регион, во процесот на адаптирање на климатските промени и управувањето со кризи.


Средбата ја отвори Кристоф Пуш, раководител на канцеларијата на Светска банка во Виена, а претседателот на Извршниот комитет на „UN-GGIM“ Томаж Петек имаше излагање на тема „Глобални и регионални можности за користење на просторните податоци за прилагодување на климатските промени“.
Агенцијата за катастар на недвижности учествуваше со презентација под наслов „Користење на податоците од НИПП геопорталот за адаптација на климатските промени и управување со кризи“.
Споделените искуства го потврдија фактот дека геопросторните информации имаат клучна улога во процесите поврзани со климатските промени и управувањето со кризи.



