Агенцијата за катастар на недвижности е организација која работи врз основа на принципите на законитост, стручност, ефикасност, отвореност, сервисна ориентација, професионалност и одговорност за работењето и постигнатите резултати.
Во своето работење, еден од императивите на АКН е и отвореноста и транспарентноста. За своите заложби за транспарентност Агенцијата за катастар на недвижности добива признанија од новинарскиот еснаф, како и од меродавните институции кои го одредуваат нивото на транспарентноста на сите институции во државата.


Минатата година, на серија настани и фокусни групи, со новинари од 35 медиуми, што ги организираше Институтот за комуникациски студии, за неколку истражувања, медиумските професионалци ги посочија Агенцијата за катастар на недвижности, заедно со Централниот регистар како најтранспарентни институции кои се секогаш достапни и на располагање на новинарските барања. Тоа е забележано и во новинарските текстови, еден од нив можете да погледнете тука.
Во однос пак на институциите со проактивна транспарентност, во Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои имателите од државните институции во Република Северна Македонија се обврзани да ги објават на своите веб-страници, според Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфомациите од јавен карактер, Агенцијата за катастар на недвижности, се наоѓа на високото од 4 до 7 место (4 институции се со ист број на бодови), од вкупно 120 институции и резултатите од мониторингот можете да ги погледнете тука.
Мониторингот е фокусиран на проверка на категориите на информации што треба редовно и ажурирано да се објавуваат на веб-страниците на имателите на информации од јавен карактер согласно одредбите на член 9 и член 10 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер (ЗСПИЈК).
АКН ја препознава важноста граѓаните да бидат навремено и јасно информирани за сите информации од значење за јавноста, овозможувајќи пристап до информациите кои ги поседува.
Агенцијата за катастар на недвижности останува доследна на својата заложба и посветено ќе работи на уште поголема транспартентност и отвореност за соработка со професионалната јавност која има потреба од нејзините услуги, како и за целокупната јавност во државата и пошироко.



