Претставник на АКН на специјализираната обука на ЈИЦА „Менаџирање и одржување на националните контролни точки во функција на ефективен премер“

Претставник на АКН на специјализираната обука на ЈИЦА „Менаџирање и одржување на националните контролни точки во функција на ефективен премер“

Од 18 јануари до 22 февруари 2023 година, во Тсукуба, Јапонија, Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) за повеќе учесници од светот спроведе специјализирана обука за менаџирање и одржување на националните контролни точки во функција на ефективен премер.

Обуката беше поддржана и од Геопросторни информации на Јапонија (GSI), Институтот за развој на инфраструктурата (IDI) и други сродни организации во рамките на Програмата за меѓународна соработка на Владата на Јапонија.

Беа обработени повеќе теми од областа на геодезијата, а беа реализирани и студентски посети на Научниот музеј за мапирање и мерење при управата за Геопросторни информации на Јапонија (GSI), Канто центарот за обука на компанијата „TOPCON“, опсервациската станица Абурацубо, како и јапонскиот хоризонтален и вертикален датум.

На сесиите, реномирани јапонски експерти елаборираа повеќе теми пред сè за начинот на функционирање на јапонскиот систем за премер и начинот на неговата употреба во Јапонија. На практичните сесии со користење соодветни софтвери беа реализирани вежби, на кои се наоѓаа соодветни решенија за конкретно поставен проблем.

На почетокот од специјализираната обука секој од учесниците имаше излагање на кое се претставуваше институцијата од која доаѓа. Потоа, учесниците изработија проект кој би се имплементирал во државата од која доаѓаат, со можност да биде финансиски и технички поддржани од Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Проектот за Република Северна Македонија беше со наслов „Градење на капацитети за одржување на работа на GNSS CORS мрежа и имплементација на моделот на квази Геоид“, кој беше позитивно оценет од присутните јапонски експерти од областа на геодезијата.