На 17.3.2023 година се одржа онлајн работилница, која ја организираше Агенцијата за катастар на недвижности, одделението за НИПП, во соработка со Лантматериат (шведскиот катастар), а во рамките на проектот „Соработка за дигитална демократија“, финансиран од страна на Шведската развојна агенција. На обуката, покрај претставниците од Агенцијата за катастар на недвижности, присуствуваа претставници од најголем дел на НИПП-субјектите кои ја сочинуваат Националната инфраструктура на просторни податоци во нашата држава.


Презентацијата на претставникот на Лантматериат: „Отворени податоци – новости од ЕУ и која е корисноста за општеството“, беше основа за понатамошната дискусија на присутните на работилницата.
Главните поставени прашања беа: дали повеќе субјекти можат да ги отворат своите податоци; како отворените податоци да бидат лесно достапни и кои се придобивките од отворените податоци на Субјектите во НИПП и целото општество.
На работилницата беше направено ажурирање на статусот на збирките на просторни податоци од „Регистерот на збирки на просторни податоци“ во однос на тоа дали збирките се отворени и дали е потребно барање за нивно преземање.



