Процесот на прераснување на Графичкиот регистар на улици и куќни броеви, во Адресен регистар е обемна теренска и компјутерска операција која се спроведува според однапред зацртан акционен план. Така, минатата недела беа спроведени две обуки за валидација на теренски прибрани податоци за улици и куќни броеви.
На 1 март на повторената обука за валидација на теренски прибрани податоци за улици и куќни броеви присуствуваа претставници од општините: Куманово, Радовиш, Дебар, Дојран и Пробиштип.


На обуката пак на 6 март, покрај информирањето за валидацијата на теренски прибрани податоци за улици и куќни броеви на која присуствуваа следниве 5 општини: Брвеница, Кавадарци, Чучер Сандево, Виница и Теарце, беше презентиран и статусот на досегашните активности.
Обуката ја одржа претставник на ангажираниот економски оператор за одржување на апликацијата за Графички регистар на улици и куќни броеви, кој детално го елаборираше секој чекор на практичната работа со апликацијата, која се користи за валидација на теренски прибраните податоци за улици и куќни броеви.
Од страна на претставник на Агенцијата за катастар на недвижности беше елабориран досегашниот статус на оваа обемна теренска и компјутерска операција, односно како и кои податоци се прибарни до сега и кој е понатамошниот неопходен процес.
Агенцијата за катастар на недвижности, со Законот за катастар на недвижности, доби надлежност за воспоставување и управување со Графичкиот регистар за улици и куќни броеви, како дел од Адресниот регистар на Република Северна Македонија. Графичкиот регистар за улици и куќни броеви се воспоставува врз основа на теренски прибраните податоци.



